Пред некое време направив неколку фотографии со цел да го споредам растењето на 3 кактуса кои особено и во ова зимско време напредуваа премногу . Подолу ви ги прикажувам најголемите 3 сите веќе се готови за пресадување
Кактус Бушавко
Некогаш


Сега

Кактус Сина Свеќа
Некогаш

Сега


Кактус Echinopsis
Некогаш

Ехинопсисот е најнискиот кактус
Сега


Categories: Некатегоризирано
Tagged: бушавко, ехинопсис, кактус, пораснат кактус, сина свеќа
Оваа година навистина имав преголем проблем со штетниците . Особено со малите бели пајачиња . Најпрво се појавија на доларот . Отпрвин мислев дека тоа е нешто што се појавува на најмладите листови и е природен тек на растењето . Тоа бели малечки топкички кои беа лоцирани на спојот на најмладите листови со стеблото и за кратко време исчезнуваа и повторно се појавуваа на најмладите листови . Тоа беше причината што изгубив доста време , а требаше да делувам многу порано . Случајно еден ден при полевање го закачив доларот со рака тогаш наеднаш испаднаа неколку најмлади ливчиња , а топчињата кои беа на нив се растурија и видов дека се работи за пајажина . По една недела упорно туширање немаше никакво подобрување па отидов во продавница (земјоделска аптека) и купив средство за штетници кај растенија . Купив Бубакил за растенија кој воопшто не е отровен за топлокрвни животни . Знаев дека се работи за Перметрин но на него немаше упатство на кои рстенија смее , а на кои не смее да се користи . Бидејќи ми се брзаше воопшто не ѕирнав на интернет ништо за перметринот туку го испрскав доларот , а ги прегледав и другите растенија . Истиот штетник беше присутен на пиперчето па и него го испрскав . Прскав два дена по ред . Четвртиот ден немаше штетници ни на двете растенија но ме чекаше ново изненадување . ПЕРМЕТРИНОТ БИЛ КОНТРАИНДИЦИРАН КАЈ СУКУЛЕНТИ КАКО ДОЛАРОТ . Дури сега следуваше масовно испаѓање на листовите . Сега и по цел месец од прскањето растението сеуште закрепнува дури сега почнува да пушта нови листови .За разлика од него пиперчето се разграни расцвета и сега има многу плодови . Соединенијата на перметринот сеуште ми се број 1 избор за штетниците особено заради ниската токсичност кон топлокрвнте животни и човекот но дефинитвно ќе мислам каде ги аплицирам .
Подолу е сликан доларот дури 3 месеци по прскањето и сеуште не е дојден на себе



Кафеавите траги на листот се оштетувањата од инсектицидот . Тоа е еден од листовите кои сеуште не се паднати .
А еве како изгледаше пред да биде масовно нападнат

Други слики од пред употребата на инсектицидот има тука
Categories: Некатегоризирано
Tagged: долар, лично, совети, сукулент
Желбата да си купам Алое Вера ја имав одамна . Случајно на пазарот во Чаир поточно надвор пред влезот во едно мајско пладне оваа година налетав на една жена која продаваше цвеќиња . Брзав многу , а жешкото сонце ми ја печеше главата а немав ни наочари . Покрај неа пројурив и некаде одзади го слушнав нејзиниот глас „ајде цвеќињаааааа“ . Влегов во пазарот да купам што треба и тоа не за мене туку за баба ми кога враќајќи си го филмот наназад помислив дека таму имаше алое . По купувањето ми останаа уште 100 денари . Решив на излегување да поминам од истото место и доколку има таму алое и доколку цената му е до 100 денаро да го купам . Алое за 100 денари мислев дека немаше шанса . Излегов и овојпат запрев пред саксиите со цвеќиња и навистина долу имаше 2 саксии со алое . Прашав колку чинат .
- Помалото 50 а поголемкото 70 денари – ми одговори .
Ха па тоа беше помалку од 100 денари . Го зедов поголемото , платив , ги однесов продуктите кај баба ми и му ја летнав дома . Одејќи дома приметив дека алоето беше скоро садено целото се нишаше наваму натаму а беше премало за таа саксија . Отпрвин помислив дека нема да се фати па затоа не го ни пресадив . Го ставив до прозор , сонце го грееше само во утринските часови , а го наводнував секогаш кога земјата беше сува . Извесно време немаше нови листови но не венееше кога после 3 недели од земјата никнуваше ново стебленце . Откако стебленцето излезе некои 5 см над земјата поголемото стебло отпочна со пуштање на нови листови , а и помалото растеше .Сега има уште едно ново стебленце и сега уште повеќе ми е страв да го пресадам ама кај и да е ќе морам .
И кога се испофалив на неколку пријателки дека конечно имам Алое вера по 2 дена кај кактусарот го видов блог записот „Горчливо алое“ . Моето алое дефинитивно многу повеќе личи на горчливото алое отколку на алое верата ама кој си нема искуство ….
Како и да е јас сум побогата за уште едно цвеќе кое прекрасно си расте , а во следна прилика на купување можам и да го носам за споредба
Подолу на фотографиите е прикажано веќе потпораснато сликано пред една недела

.

.

.

Categories: Некатегоризирано
Tagged: алое, кактус, растение, собно цвеќе
Неодамна една моја пријателка ми испрати фотографии од нејзините растенија . Љубичиците кои лани ми беа вишок и ги испратив токму неа . Таа дефинитивно им пружила беспрекорна нега и грижа и оваа година ме почести со фотографи и од нив . Љубичиците кои кај неа стигнаа полуовенати станале вистинки „убавици “ ,а освен нив и другите растенија изгледаат прекрасно и весело со своителистови и цветови што секако се должи на вниманието и грижата која таа им ги посветила

.

.

.

.

.

.

Горде благодарам за фотографиите
Categories: Некатегоризирано
Tagged: љубичица, ваши фотографии, растение, собно цвеќе
Ова лето кон крајот на јули месец заминавме на кај Валандово . Бевме сместени во едно од Валандвоските села – Удово .Селото беше збиено , луѓето воглавном растрчани секој по своите работи . На лозјата грозјето полека зрееше а лубениците веќе масовно се береа . Првиот ден го поминавме меѓу роднини никој нејќеше да не изостави така да едвам постигнавме …. Удовчани ги доживеав како генерално љубезни и искрени луѓе ….Вториот ден беше определен за посета на градот ,а во текот на третиот ден беше планирано да тркнеме до Дојран и потоа назад за Скопје . Кога влеговме во Валандово тоа беше еден смирен град без гужви и чекања , мало гратче со само една раскрсница на која имаше семафори . Се чувствував прекрасно токму поради таа тивкост во градот ,вистинска оддишка за мојот веќе уморен мозок од секојдневната гужва во Скопје . Во градот не застанувавме зашто времето беше прекратко , па се упативме кон манастирот Св Ѓорѓи . Патот беше тесен , кривулест и нагорен . Постојат два влеза за тој пат во зависност од кој ќе скршнете прво ќе го видите или манстирот или базенот . Манастирот се наоѓа на планината Плавуш а од човекот кој беше одговорен дознав дека е изграден во средниот век како црква а потоа прераснал во манастир .Човеков не беше многу зборлив а јас се чувствував како да се натурам . Местото на кое се наоѓа манастирот е необично тивко смирувачко . Дури и кога зборувавме како да шепотевме не знам ни сама зошто . Погледот е прекрасен восхитувачки на момент ти запира здивот . Половина час седење во дворот беa вистинско уживање и тотално психичко возобнувавање . Се чувствував како да ми се изоструваат сетилата , како плуќата да ми „работи“ со тотален капацитет . Црквата е мала и кога влегувате се симнувате едно скалило надолу . Иконите се некои понови , некои постари . Конаците се исто така мали а во дворот се наоѓаат неколку чешми со необично ладна вода . Толку ладна вода досега не сум вкусила . Оттаму се упативме кон базенот друштвото имаше намера да се бања … Отпрвин ми сметаше гужвата таму ми требаше едно половина час да се привикнам можеби и повеќе … Битно зафатив место на стол под сенка пто тој ден беше вистински луксуз и ги гледав како другите се бањаат , а размислував за манастирот ….

.

.

.

.
На сликите погоре е прикажан погледот од дворот на манастирот.

.

.

.

.

.

.

.

.
Следните две слики подолу се од базенот

.

За Дојран заминавме третиот ден бидејќи беше претопло седевме кратко и немавме многу време за шетање . Дојран оваа година ми се виде како пријатно место ,и за чудо таму јадев една од поубавите пици . .На жалост немав време да разгледам да се качам до Св Илија Од се највеќе ми привлекоа внимание штрковите …

.

Categories: Некатегоризирано
Tagged: Валандово, Манастир Св Ѓорѓи -Валандово, природа, прошетка, растение, црква
Прошетката до Куманово поточно до манастирот во Старо Негоричане беше договорена два месеци порано меѓу маж ми и еден негов колега ,а беше утврден и датумот – 15. 07 .2011. Тргнавме по најжешкото некаде околу 16 часот од Скопје . Тогаш ако се сеќавате беше почетокот на топлотниот бран . По автопатот беше пеколно немаше многу автомобили а со тоа немаше и многу бучава и ќе беше уживанција за набљудување преку прозор да не беше сонцето . По сите преземени мерки млеко 60 ка фактор и квалитетни очила за сонце патувањето не беше така неиздржливо .На бензинската на почетокот од Куманово се најдовме со пријателите и продолживме према манастирот . Кога стигнавме до манастирот тој беше веднаш до патот во Старо Негоричане . Пред нас се издигна голема црква убава камена градба … Човекот кој беше одговорен за црквата не беше дома , ни отвори жена му меѓутоа неговото неприсуство ме чинеа некои факти кои сакав да ги дознаам. Во дворот на црквата мирно тивко зелено со огромни дрвја како листопадни така и зимзелени … вистински одмор за душата . Исто така во дворот се наоѓаат неколку гробови претпоставувам на црковните луѓе . Влегувањето низ не многу високата врата беше проследено со групна воздишка бидејќи внатре беше многу поладно . Фрескоживописот беше посебно впечатлив на него се познаваа годините на кои им пркосел . Жената која ни ја отвори црквата ни кажа дека тоа истиот фрескопис од обновувањето на црквата некаде 13-14 век Истиот наместа е оштетен меѓутоа плени со боите , ликовите ,а композициите се наредени во циклуси . Запаливме свеќи се помоливме , поседовме . Чувството додека бев внатре беше необично , прекрасно како да ги полните батериите 100 на саат . Искрено се чувствував како да се раѓам одново ….
Излеговме ..Имав чудно чувство додека го нпуштав местото беше навистина убаво и ми беше жал што мораше за кратко да се замине меѓутоа мнозинството од друштвото посебно децата беа со празни стомаци па мораше , а и изгледа никого не го влечеа старите храмови како мене . Единствено ми остана нејасно зашто храмот го нарекуваа манастир кога тој во суштина е црква бидејќи конаци не видов нигде.










За Етно село нема многу да зборувам … единствено ми го привлекоа вниманието селските алатки и колата кои беа поставни во дворот
Првата слика подолу е направена на патот од Црквата до Етно село




Categories: Некатегоризирано
Tagged: излет, природа, прошетка, Старо Негоричане, црква, Црква Св Ѓорѓи
Преголема е празнината кога те испраќам и колку и да се обидувам да се навикнам на тоа таа стои таму како дупка од ништо. Црнило кое може да ме голтне …. И колку да се трудам да ја избркам и заменам со убави мисли не иде . Повторно се појавува црно отпрвин малечко потоа се поголемо и поголемо . Некогаш навистина се прашувам дали ќе ме голтне …
Обожувам да ги бројам деновите кога те дочекувам последните 5 ги шкрткам во календарот . Колку што претходно била голема празнината станува голема возбудата за нови КОМПЛЕТНИ , ИСПОЛНЕТИ денови . Како на онаа празнина токму тоа да и е задача да создаде резерва место за да се всели возбудата таму некаде во мене , не знам каде точно , но битно е ја чувствувам …
И се така како во циклуси возбуда – празнина …. Живеам за денот кога нема да има потреба да те испраќам далеку туку ќе те чувам блиску блиску и секој ден ќе биде КОМПЛЕТЕН ИСПОЛНЕТ .



П.С Можеби требаше да почекам до Денот „Д “ но возбудата , инспирацијата и желбата за пишување беа преголеми
Categories: Некатегоризирано
Tagged: лично
Случајно поминував низ Жена-парк кога погледот ми го привлече едно од дрвата кое имаше една многу интересна дебела гранка која тргнува од долниот дел на стеблото и е дебела околу полвина од стеблото . За среќа апаратот беше во мојата чанта па го фотографирав. Потоа се рашетав и направив уште неколку фотки и од околните дрвја . Тогаш ми текна дека секогаш кога поминувам спроти Црвен крст до тротоарот има едно интересно дрво со интересно групирани листови кои образуваат топки . Дрвово никогаш не сум видела некој да го поткаструва ниту полева , можеби затоа ми е толку интересно и привлечно




На последнава слика е прикажано „топчестото“ дрво спроти Црвен крст отприлика
Categories: Некатегоризирано
Tagged: природа, растение
На оваа посета до Крушево беше татко ми , не јас . Ми ги донесе сликите вечерта . Беше полн со впечатоци што од градот , што од манастирот , и од доброто друштво кое беше со него , но не заборави да истакне дека е потребно уште средување …
Уживајте во сликите , за овој пост не сакам многу да пишувам и да го упропастувам со зборови

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

Дел од сликите мене ми будат многу тажни спомени …
Categories: Некатегоризирано
Tagged: излет, Манастир, природа, прошетка
Сега додека го пишувам постов цветањето и е при крај . Уште неколку дена и ќе го отсечам стебленцето на кое се наоѓаа прекрасните цветови , а сега се засушени . Чекав да ги фотографирам сите фази од цветањето пред да го напишам постов . Ме изненади со цветањето не го очекував, можеби затоа толку многу му се израдував . Ја пресадив и очекував мирување а добив награда преубав цвет со преубав мирис . Ја чувам само 2 и пол години . За неа пишував во вториот пост , беше многу малечка т.е едно малечко стебленце кое се бореше за живот , а сега е вистинско дрво . Кога ова растение го купувате од цвеќара едни може ќе ви речат дека не цвета а дека му се преубави листовите , другите кои се поупатени ќе ви речат доколку цвета да го отсечете стебленцето уште веднаш за да не скапе оттаму и за да продолжи да расте нагоре . Со вторава констатација се сложувам делумно . Точно е дека стебленцето на цветовите може да биде место од каде ќе тргне скапување , но јас лично не се сложувам со негово предвремено отсекување зашто да се види и доживее цветот на Dracaena (Дрво на живот ) , не само што е вистинска реткост туку и вистински благослов ,а да не почнувам дека предвременото отсекување е нарушување на природниот развој на растението .
Да онаа малечка Dracaena за која пишував во неколку наврати процвета овој месец . Кога прв пат ја забележав пупката ме обзема силна радост и веднаш се сместив пред компјутерот и почнав да барам информации . Наидов на неколку форуми каде пишуваше дека нејзиното цветање во саксија е вистинска реткост со просечно појавување на 7 години . Ретки беа написите (се на се 5-6) од некои сопственици кај кои цветот се појавил после три четири или пет години . Кај мене се појави на две години и околу 6 месеци старост на растението .
Најпрво се појави едно топче на мало стебленце со неколку пупки на него и си реков во ред за малата возраст на растението е доволно . Но стебленцето растеше се појавија и други такви топчиња . Го погледнував секој ден пупките се зголемуваа но сеуште не се отвораа .Случајно едно попладне повторно седев пред компјутерот кога почувствував еден преубав мирис .Тоа беше сладуњав релативно јак мирис кој потсетуваше на мирисот на хојата и на еден мој парфем од јасмин . Излегов надвор , а таму ме пречекаа неколку отворени цветчиња . Тогаш сфатив дека кога во наредните неколку денови ќе се отворат сите цветови навистина ќе биде како да имам истурено парфем по дома . Цветовите беа мали ситни распоредени во групи со мали тенки бели ливчиња од чија средина штрчеа прашниците , но може да бидат и поинакви во зависност за кој подвид станува збор . И сега кога полека мирисот исчезнува , а белите цветови стануваат кафеави и засушени се надевам дека и следната година ќе ме почасти со ваков цвет

Вака изгледаше кога прв пат ја забележав пупката .

.

Вака изгледаше целото гранче со пупките .

.

Фотографијата е направена кога прв пат го почувствував мирисот

.

.

.

.
Вака изгледаа цветчињата

.
Засушување .
Колку за споредба следнава слика е од јуни 2009 направена веднаш откако бев уверена дека Dracaenata ќе се спаси и истата може да ја видите во постот „Спасената Dracaena “
.

Претходни постови каде сум пишувала за оваа Dracaena со фотографии може да видите овде и овде
Categories: Некатегоризирано
Tagged: Dracaena, дрво на животот, лично, природа, растение