Интересен блог

Прошетка – манастир Св Илија Горни с.Бањани 02.08.2010

август 3, 2010 · 14 коментари

Иако за Св . Илија постарите знаат да речат тој ден врне , грми Св Илија се лути денеска денот беше преубав , создаден за прошетка .Откако се  одвоивме од добро асфаlтираниот пат , почнавме да возиме по калдрмата , a планината почна дa станува се поблиска и поблиска , чиниш  се отвара да не прими , да не собере сите луѓе кои се бевме упатиле натаму . Отсекогаш сум ја обожавала Скопска Црна Гора  . Таму воздухот е поинаков , птиците е погласни , водата повкусна , таму има  нешто . Им реков на моите високо е за нас кои се бевме навикнале на котлината  ќе спиеме многу кога ќе се вратиме … Ме погледна маjкa ми со потсмев како да сакаше да ми каже  :

- Е како да не ,  знаеш ти  – ама не  рече ништо или барем јас не слушнав .

Веднаш се упативме кон манастирот .А тој оддолу изгледаше како заробен меѓу двата планински масива кои се  идигаа од неговата десна и лева страна . До манастирската црква се стигнува по скали кои се тесни или преку конаците  Едниот дел од манастирската црква беше заѕидан  во карпа . На неа времето си го беше оставило својот печат , но тоа ја правеше поубава . Вратничето мало  не би знаела да кажам зашто е такво и внатре се толку тесно што мораше веднаш да излезам за да им отстапам место на другите .Конаците реновирани а и преполни со гости .Луѓето кои беа задолжени за припремањето на ручекот -гравче иако премногу зафатени ни разменија 2-3 збора и не поканија на ручек …

А околу манастирот се издигнуваше планината сета обрасната во  шума од најразлични дрвја . А подолу малку под манастирот се  слушаше жуборењто на Бањска река која се удираше  од  големите камења ….

Тука и се сместивме и уживавме во природата , дрвјата , големите листови ….

Слики од преубавата природа во околината и некои растенија од манастирот ќе следат во следниот пост

П.С  Постов требаше да биде готов и  вчера ама сепак не можевме да се изнаспиеме откако дојдовме

категории: Некатегоризирано
Tagged: , , , , , , ,



14 responses so far ↓

  •   волан // авг 3rd 2010 at 9:29 am

    Супер за тебе …

  •   волан // авг 3rd 2010 at 9:30 am

    Скопска црна гора мора да се преименува во “Света црна гора“

  •   pepus // авг 3rd 2010 at 9:34 am

    Секако е преубава и преполна со цркви и манастири кои вредат да бидат посетени

  •   partik // авг 3rd 2010 at 12:16 pm

    Сликите се преубави, но и текстот е преубав… со збор ја доловуваш атмосферата. И гледаш, во право си била… кога се вративте се изнаспавте убаво. Друг пат треба повеќе да ти веруваат. :)

  •   partik // авг 3rd 2010 at 12:18 pm

    Волан, Скопска Црна Гора да се преименува во Скопска Света Гора, за да немаме проблеми со Црна Гора… или да им правиме проблеми за името? :)

  •   pepus // авг 3rd 2010 at 12:21 pm

    Партик и јас викам така .Ама дојдовме кај 7 исполегнавме следно освестување кај 10 после кај 1 му ја легнав до сабајле :)
    Ме насмеа со последниов коментар :)

  •   partik // авг 3rd 2010 at 12:28 pm

    Ама не е за смеење работата… :) Проблемот кога-тогаш ќе се појави. Подобро да се реши низ преговори и без уцени. :)

  •   pepus // авг 3rd 2010 at 12:31 pm

    Преговори а без уцени хмммммм познато а ? Да де подобро сами да се преименуваме мислам планината де отколку да не преименуваат планината мислев :D За смеење или не јас до солзи се смеам :D

  •   partik // авг 3rd 2010 at 12:37 pm

    Ако е само Света Гора, ете ти проблем со Грција, заради Атос (Света Гора), ако е Црна Гора, (а не е црна туку света, како што велите), со државата проблем… мора да се размислува. :)

  •   pepus // авг 3rd 2010 at 12:55 pm

    Од многу размислување глава боли останува или се да собереме на едно место мора да се жалат за комплетот а не за деловите или да ја именуваме како што е :) Кој си има проблем нека се жали ама ќе ни се ….

  •   волан // авг 3rd 2010 at 4:47 pm

    Партик – на Скопска Црна гора има десетица средновековни манастири и свети места …

  •   pepus // авг 3rd 2010 at 5:22 pm

    Лично мразам било ккави изменувања на било кои називи на географски места посебно во нашата држава ….
    Немам ништо против коганекогаш би и го придодале називот „СВЕТА “ зашто ија сметам за таква ама дефинитивно ќе ми смета ако 1 збор од трите недостига Скопска Црна Гора затоа што како таква ја паметам и како таква сум ја прифатила така ја памети историјата и таква треба да остане …

  •   partik // авг 3rd 2010 at 6:33 pm

    Волане, верувам, но на шега зборувам… сега се актуелни преговорите околу промена на името, па во тој стил малку. :)
    Инаку, Пепус, и јас сум против било какви промени на имиња, топоними и на државата.

  •   » Прошетка – манастир Св Илија Горни с.Бањани 02.08.2010 (2) Интересен блог // авг 4th 2010 at 12:57 am

    [...] front page ← Прошетка – манастир Св Илија Горни с.Бањани 02.08.2010 [...]

You must log in to post a comment.